Земјотрес со магнитуда од 7,5 во Перу, урнати 75 куќи нема жртви

Земјотрес со магнитуда од 7,5 по Рихтер ја погоди во неделата амазонската покраина на севетот на Перу а бил почувствуван и во главниот град Лима во централниот дел од земјата, урнати се 75 куќи но нема дојави за жртви.

Сеизмографскиот центар при Геофизичкиот институт на Перу изјави дека потресот бил на длабочина од 131 километри, а епицентарот на 98 километри од градот Санта Марија де Нуева во покраината Кондоркаква. Бил почувстуван во централните и северните области на Перу. Соседен Еквадор објави дека забележал оштетувања на тамошната инфрастуктура.

Нема дојави за штети на 1.100 километри долгиот нафтовод во сопственост на перуанската државна компанија „Petroperu“ којашто ја сече амазонската област во Перу и се протега до пацифичкиот брег на север.

Според податоците на службата за цивилна заштита вкупно се повредени десет лица, а 220 куќи се оштетени од кои 81 се веќе несоодветни за живеење, а 75 се целосно урнати. Во потресот се оштетени и најмалку седум црви и два трговски центра.

Во некои делови во областа на амазонската прашума има прекин во санабдувањето со електрична енергија. Телевизиските снимки покажуваат патишта кои се закрчени од големи карпи, но не е издадено предупредување за цунами.

Годишно во Перус се регистрираат најмалку 400 земјотреси. Земјата се наоѓа на рабовите на ткн Пацифички огнен прстен кој се протега по должината на западниот брег на американскиот континент.