Серија помали земјотреси е регистрирана крај затворениот севернокорејски полигон за нуклеарни тестирања, објави во вторникот соседната Јужна Кореја, каде толкуваат дека станмува збор за геолошка нестабилноста на таа област во моментот кога Северна Кореја навестува дека би можела да ги продолжи нуклеарните проби првпат по 2017 година.
Најмалку четири потреси, сите биле природни, ја погодиле областа во последните пет дена, според Корејската метеоролошка агенција (КМА) во Сеул.
Последниот е регистриран во вторникот утрото и имал магнитуда од 2,5 степени со епицентар на околу 36 километри од полигонот за нуклеарни проби Пунгјери. Два потреса со магнитуди со 2,3 степени се случиле во понеделникот, а уште еден со магнитуда од 3,1 по Рухтер во петокот.
Пунгјери на североистокот на Северна Кореја е единственито познат полигон за нуклеарни проби. Последниот познат тест беше изведен во септември 2017 година, кога беше детонирана шестата и најголема нуклеарна бомба дотогаш. Пјонгјанг тогаш тврдеше дека тоа била термонуклеарна бимба и тврдеше дека со тоа ја комплетирал својата нуклеарна моќ.
Во Сеул потсетуваат дека тогаш следела низа поместувања на почвата и одрони во близина на полигонот. Северна Кореја го затвори во 2018 година со присуство на група странски новинари и претставници, но во согласност со своите политики не дозволува меѓународни експерти да го посетат и да го проверат полигонот.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун истакнува дека повеќе не е обврзан да го почитува самонаметнатиот мораториум на нуклеарните тестови и во јануари Пјонгјанг порача дека размислува да го продолжи тестирањето нуклеарното оружје и балистичките проектики со долг дострел, во услови кога нема никаков напредок во преговорите со САД и нивните сојузници.
Сателитските снимки кои се објавени од американски ресурси за набљудување во меѓувреме не покаќуват некои поголеми знаци за активноста на полигонот Пунгјери, осве рутиснктие безбедносни патролирања и одржување на инфраструктурата.