Земан ја именуваше малцинската влада на премиерот Бабиш

Чешкиот претседател Милош Земан во средата ја именуваше малцинската влада на премиерот Андреј Бабиш кој веднаш најави дека гласањето за доверба во парламентот ќе се одржи на 10-ти јануари.

Благодарејќи на кампањата во која ветуваше борба против имиграцијата и бегалците, како и поефикасна држава, новата партија ANO на чешкиот милијардер од словачко потекло Андреј Бабиш со 29,6 отсто од освоените гласови беше победник на октомвриските парламентарни избори. Со тоа стана најсилната партија во долнот дом во кој има 78 од вкупно 200 места.

ANO не ужива цврста поддршка од ниедна од другите осум партии застапени во парламент и ќе мора да бара гласање за доверба како што тоа е предвидено со чешкиот устав. Ниеден од неговите потенцијални партнери не сака да влезе во коалиција со Бабиш, магнат во хемиската и прехранбената индустрија, кој е и сопственик на големи медиуми поради што понекогаш го нарекуваат „чешкиот Трамп“ или „чешки Берлускони“, а ми забележуваат на комунистичкото минато.

Во владата на Бабиш се именувани и некои непартиски министри, а тој ќе ја претставува својата земја на самитот на Европската унија во четвртокот и петокот во Брисел.

Доколку Бабиш загуби при гласањето доверба во парламентот, неговата влада ќе остане активна додека не се пронајде алтернативно решение, но се очекува дека, сепак, поради најголемиот број пратенички мандати, ANO ќе продолжи да ја игра водечката улога.

Другите партии побарале токму Бабиш да истапи од владата, бидејќи полицијата побара укинување на неговиот имунитет за да се суди бидејќи во 2007 година едно од своите претпријатија, земјоделскиот комбинат „Лебедово гнездо“ го издвоил од својата групација „Агроферт“ за да добие субвенции од Европската унија. Бабиш ги негира сите обвинувања за злоупотреба.

Состојбата е комплицирана и затоа што се приближуваат претседателските избори на коишто повторно ќе се кандидира актуелниот претседател Милош Земан. Првиот круг е предвиден за 12-ти и 13-ти, а вториот за 26-ти и 27-ми јануари. Седумдесет и тригодишниот Земан, кој е познат по своите проруски и прокинески ставови, каки и противисламските, има добри шанси за повторна победа.

Според чешкиот устав, шефот на државата може двапати да го задолжи мандаторот да состави влада, а доколку задолжената личност не успее во тоа, владата ќе се обиде состави претседателот на парламентот кој е сојузник на Андреј Бабиш.

Во денеска именуваната влада поранешниот министер за одбрана, Мартин Стропоницик го презема министерството за надворешни работи, а министерството за одбрана поранешната министерка за регионален развој, Карла Шлехтова.