Земјите од поранешна Југославија пред должничко ропство

На сите земји од поранешна Југославија им се заканува должничко ропство поради јавен долг од 90 милијарди долари, оцени словенечкиот весник „Дневник“.

„Јавниот долг на земјите на поранешна Југославија изнесува 90 милијарди евра, додека пред распадот на Југославија изнесува околу 20 милијарди. Сите тие земји, освен Словенија полека лизгаат во должничко ропство доколку не преземат итни и строги мерка,“ пишува весникот.

Весникот пишува дека моментно рекордер во јавен долг е Слоевнија со 28,8 милијарди евра, но има највискот БДП од сите тие држави, така што има можност да го отплати.На второ место е Хрватска со долг од 28,7 милијарди евра. Следува Србија со долг кој поминал 20 милијарди или 63,3 отсто од БДП.

БиХ има јавен долг од 5,5 милијарди евра, Македонија од 2,7 милијадри евра и Црна Гора од 1,7 милијарди евра.а

Соработникот од Институтот за пазарно истражување Саша Џоговиќ изјави дека земјите од поранешна Југославија полека тонат во должничка криза, бидејќи распадот на поранешната држава „деструктивно влијаел на индустријата, производството е намалено, а значајно е падната и конкурентноста на економијата и претпријатијата.“

„Пазарите во Азија и Африка се изгубени,“ заклучува Џоговиќ, а пренесува словенечки Дневник.