Најмалку 61 човек го загуби живот во најсилниот земјотрес кој по повеќе од осум децении го погоди Мексико урна станбени згради и предизвика масовни евакуации во сиромашните сојузни држави Оахака и Пијапас.
Земјотресот со магнитуда 8,2 на јужниот мексикански брег бил посилен од разорниот од 198 година кој урна цели населби на главниот град Сидуад де Мехико и уби околу десет илјади луѓе.
Главниот подземен удар се почувствувал и овојпат во мексиканската престолнина, но и во соседните земји Ел Салвадор и Гватемала, каде што е пријавена, исто така, една жртва во пограничната област. Меѓутоа, градот Хучитан во Оахакан најтешко настрада во катастрофата од ноќта кон петокот. Во урнатини се делови од градскиот совет, хотел, црква и други објекти.
Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието го посети настраданиот град за лично да ги следи операциите на спасување. Градоначалникот Глорија Санчез, земјотресот го нарече „најстрашниот момент“ во историјата на градот.
Сите смртни случаи се регистрирани во трите сојузни држави сместени во близина на епицентарот кој е регистриран на 70 километри од брегот.