Жерновски виси за позицијата заменик министер за надворешни, се’ чека на желбите на БЕСА

Иако на поранешниот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски, кој од ЛДП премина во СДСМ, му беше ветено во евентуална реконструкција дека ќе биде заменик министер за надворешни работи, неофицијално, тоа место сега ќе го добие крилото на Африм Гаши од Беса.

Премиерот Зоран Заев уште ги нема доставено биографиите на новите министри и заменици на министри до Собранието.

Тој вчера изјави дека кога ќе ги собере биографиите на новите функционери ќе ги достави до Собранието.

Неофицијално, пратеникот на СДСМ Петар Атанасов е кандидат за заменик министер за образование на местото на Арбр Адеми од ДУИ, кој од заменичкото место, седнува во министерската фотелја.

Иако на поранешниот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски кој од ЛДП премина во СДСМ, му беше ветено во евентуална реконструкција дека ќе биде заменик министер за надворешни работи, неофицијално, тоа место сега ќе го добие крилото на Африм Гаши од Беса.

Движењето Беса од крилото на Африм Гаши, покрај Министерството за култура, ги добива и заменичките места во труд и социјална политика и министерството за надворешни работи, а ДПА, заменичкото место во Транспорт и врски.

ДПА ќе раководи и со Министерството за странски инвестиции. Партиски извори велат дека нов министер за странски инвестиции ќе биде Бардуљ Даути, поранешен пратеник и кандидат на ДПА за градоначалник на Тетово на локалните избори. Професорот на универзитетот ФОН, Митасим Беќири е кандидат за заменик министер во транспорт и врски.

Извесно е дека ресорите образование и правда ќе ги разменат СДСМ и ДУИ.

Рената Тренеска Дескоска од министер за образование од СДСМ оди во Министерството за правда, а во Образование Арбр Адеми, сегашен заменик министер за образование од ДУИ.

Роберт Алаѓозовски, заминува од министер за култура. На негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на Движењето Беса од крилото на Африм Гаши, кој беше кандидат за градоначалник на Беса за Гостивар, неофицијално потврдија од партијата.