Жестоки реакции на социјалните мрежи по предлогот на Заев за двојазичност

По одлуката на Владата да го усвои предлогот за Закон за јазиците, стигаат голем број реакции на социјалните мрежи во коишто политички аналитичари, професори, припадници на невладините организации, разни здруженија, го делат ставот дека донесувањето на тој закон е грешка, дека е наменет за подигнувањето на статусот на само една етничка заедница во земјата, спротивно на уверувањето на премиерот Зоран Заев дека се однесува на сите етнички заедници, а исто така преовладува ставот дека овој предлог претставува чекор кон претворање на Македонија од мултинационална во бинационална држава.

Една од оние кои реагираат е политичката аналитичарка Јорданка Ивановска – Јоци, која на својот фејзбук профил напиша дека „Ова не смее да се дозволи и оти на потег се претседателот Ѓорге Иванов и Уставниот суд“.

joci jaziic

Според Ивановска, Заев со својата изјава по повод донесувањето на предлог-законот, се обидел да ја излаже јавноста оти законот има за цел да ја унапреди употребата на јазиците на сите заедници во Македонија.

„Заев со изјавава целосно ја потцени јавноста-мисли не знаеме да читаме, не го гледаме она во заградите, глупи сме и немаме капацитет да сфатиме дека ја унапреди употребата на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. Без попис.

Каде се во заградата српскиот, ромскиот, турскиот, бошњачкиот, влашкиот јазик ?

Поточно, со колнеше на 17 мај 2015 год.во мултинационална држава, а откога дојде на власт создава бинационална“, напиша популарната Јоци на фејсбук.

Покрај неа, со свој став на социјалните мрежи се огласи и професорката Билјана Ванковска, која смета дека предлогот за измена на Законот е донесен во спротивност со сите демократски принципи, односно без каква и да е јавна дебата во која јавноста би го искажала своето мислење за него. Напротив, овој закон се донесува под влијание на не надворешни интереси, наведува професорката.

 

„Венецијанска комисија ќе консултираат, амбасадори се изјаснија, граѓаните се небитни“, објави Ванковска.

Реагираше саркастично и политичкиот аналитичар Васко Ефтов, кој повеќепати предупредуваше на идејата на Заев за прифаќањето на ткн Тиранска платформа има намера Македонија да ја претвори во двонационална држава.

eftov

„Двојазичност на македонски начин: Заев ќе стане Зеколи!“, кусо напиша Ефтов.

 

 

 

 

 

На слична линија е и претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атансоски, кој јавно прашува како дошло до тоа Венецијанската комисија да дава конечно мислење за двојазични амблеми во Армијата на Македонија и дали тоа значи дека во Македонскиот дел од Владата постои политичка волја за вакво велепредавство. Атанасоски го поставува и прашањето со кои одредби од Охридскиот Рамковен Договор е предвидено дека во Општините и Градот Скопје каде Албанците формално се водат дека се над 20 проценти треба да има двојазични амблеми на

clenполицијата, пожарникарите и здравствените работници и од кога овој Закон станал неопходна реформа за нашите Евроатлански интеграции, за да оди во Собрание со Европско знаме. Атанасоски предупредува дека доколку ваков закон биде прифатен и во Собранието тоа сосема ќе ги урне нашите преговарачки позиции во спорот со Грција и дека ќе голем чекор кон уништување на македонскиот национален идентитет.

 

 

„Овој Закон не смее да помине по ниту една цена, бидејќи оди во прилог на официјална Атина. Албанските политички профитери заслепени од нивните тесно партиски интереси во пресрет на локалните избори, по Грчки терк, од внатре го напаѓаат Македонскиот национален идентитет. Грчките радикали и иреденти ова го чекаат. Нашата внатрешна слабост да им создаде можност за да го зададат последниот удар за промена на светото Македонско име и откажување од Македонскиот национален идентитет“, пишува Атанасоски.

otsto