Зголемен бројот на тигри во Индија

Популацијата на тигри во Индија порасна на речиси три илјади, со што земјата стана едно од најбезбедните живеалишта на оваа загрозена животинска врста.

Индискиот премиер Наренда Моди денеска објави податоци за бројот на тигри во 2018 година, истакнувајќи дека тоа е „историско достигнуавање“ за Индија, бидејќи бројот на овие животни пред 15-тина години се смалил на 1400 пренесува Асошиејтед прес.

Тој кажа дека бројот во заштитените области за тигри се зголемил на 860 минатата година, што е за околку 200 повеќе отколку во 2014 година.

Во Индија проценка на популацијата на тигри се прави на секој четири години, а во 2014 година во Индија имало само 2226 тигрови.

Бројот на тигри постепено се намалувал од 70-тите години од минатио век, заради што Индија започна програма за заштита на оваа врста животни во национални паркови и го криминализираше нивното убивање.

Индиските тигри и слонови се животни кои најмногу се ловат, пред се заради забите од слонова коска кои се продаваат на црниот пазар и се користат во алтернативната медицина.