Зголемен бројот на туристи во Македонија

туристи

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 22,7 отсто, а на странските за 0,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 21,9 проценти, а на странските за 1,1.

Раст покажуваат и резултатите за првите девет месеци од годинава, од јануари до септември, во однос на истиот период претходната година. Бројот на туристите е зголемен за 4,3 отсто: кај домашните за 4,8, а кај странските за 4.  Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 2,3 отсто: кај домашните туристи за 3,3, а кај странските за 0,8.