Зголемен интересот за манастирскиот туризам во Прилеп

Преставници од Локалната самоуправа денеска  го посетија манастирот  „Св. Архангел Михаил“  во Варош,  каде што е во тек  втората фаза од изградбата на источниот конак.  Овој манастирски комплекс  кој е заштитен  споменик на културата  има силно влијание во духовниот живот на прилепчани, а изградбата на новите конаци ќе  придонесе за уште поголем интерес  за негова посета од страна на многуте  туристи.

Воедно со изградбата на патиштата кои водат до манстирските комплекси во Прилеп се овозможи уште поголема фрекфенција  на туристи кои се потврда  за успешниот развој на Манастирскиот туризам.
Министерот  за Транспорт и врски, Миле Јанакиески најави дека после изградбата на патот до Трескавец  од минатата недела почна да се изградува и патот  кој води до манстирот во Зрзе кој е во должина од 7,5 километри и за чија изградба се предвидени средтства во висина од  1.7 милиони евра.