Зголемена е цената за престој на дете во градинка во Кавадарци, се вели во известувањето објавено на веб-страницата на детската градинка „Рада Поцева“.
– ЈОУДГ “Рада Поцева”- Кавадарци постапувајќи согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, број 08-6019/49 од 29.09.2022, известува дека, износот за надоместок на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите е зголемен и од сегашните 1.490 денари, ќе изнесува 2.000 денари. Сметките за октомври 2022 ќе бидат пресметани по гореспоменатата одлука, пишува во известувањето.
Во известувањето од градинката се вели дека за децата што престојуваат во градинка, а се на самохрани родители, со еден жив родител, во целост има ослободување од плаќање на надоместок, за згрижување во градинката.
Во правилникот за утврдување на цените, е запишано дека од надоместок за престој во градинка, се ослободуваат и деца од семејство примател на социјална помош, но и дете на самохран родител, во случај кога не е позната судбината на вториот родител.