Зголемување на производството е забележано и кај овчото млеко за 0,8 проценти и кај козјото млеко за 24,2 проценти во однос на 2015 година.
Зголемено е и вкупното производство на месо за 2,7 проценти. Пораст од 18,1 процент има и кај производството на свинско месо, додека производството на другите видови месо е намалено.
Од другите добиточни производи, во 2016 година забележано е намалено производство на волна и на производството на јајца.