Не е до храната, ниту до позата: Како да ги зголемете шансите за да станете татко

Постојат голем број информации за зголемување на плодноста – од храната што треба да ја конзумирате до позите што „гарантираат“ потомство. Но, научниците од лондонската болница Норт Мидлсекс тврдат дека одговорот е многу поедноставен.

Треба само да водите љубов со партнерката два пати во еден час. Така тројно ќе ги зголемите шансите за да станете татко.

Спротивно на претходните тврдења дека мажот мора да ги чува сперматозоидите за да направи бебе, ова истражување сугерира дека всушност токму вториот обид се смета. Во студијата учествувале 73 двојки на вештачко оплодување кај кои спермата се вбризгува директно во матката.

Од мажите биле земани по два примероци сперма во рок од еден час, а кога во третманот бил употребуван вториот примерок, резултатот во 20 отсто од случаите била бременост, наспроти 6 отсто колку што вообичаено се очекува.

Иако студијата се занимавала со лицата што се на вештачко оплодување, лекарите веруваат дека истиот резултат би можеле да го применат и оние што се обидуваат да добијат дете по природен пат.

Експертите велат дека станува збор за мошне значајна студија затоа што го разбива широко распространетиот мит дека мажите мора да се воздржуваат од секс ако сакаат да добијат дете. Преголемиот недостаток на секс всушност е многу лош и негативно влијае врз квалитетот на спермата.