Бројот на припадниците на германските вооружени сили кои припаѓаат на радикалната десница е во остар пораст, а во моментов против 550 припадници на Бундесверот се водат истраги, пишува во неделата дневниот весник Welt am Sonntag.
„Воената разузнавачка служба во моментов води истрага против 550 војници поради сомневање дека им припаѓаат на есктремно десните кругови“, вели директорот на Воента разузнавачка служба (MAD), Кристоф Грам во разговорот за Welt am Sonntag.
Предупредува на остриот пораст на разоткриените случаи на војници кои покажувале екстремно десни ставови.
„Само минатата година забележани се 360 нови случаи“, вели Грим.
Обајснува во продолжение дека во 2019 година биле пријвени осум припадници на радикално десното милје, а кај други 40 откриен е „недостиг од верност кон германскиот уставен поредок“.
Грам објаснува дека е особено виск процентот на војниците со екстремно десни ставови, откриен меѓу припаднициите на специјалните единици KSK.
„Процентот на војници со вакви погледи на светот меѓу специјалците е пет пати поголем отколку во остатокот од Бундесверот“, прецизира Грам.
Порастот на откриените случаи на припадност на екстремната десница се поврзува со реформите во рамките на МАD. Имено, Воено разузнавачката служба пред две години се најде на удрот од критиките во парламентот, поради недоволна ефикасност кога станув збор за откривање на екстрмистичките ставиви кај припадниците на Бундесверот.