![Samuel-Zbogar-EU-Ambasador-19-bg_resize-696x454](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/Samuel-Zbogar-EU-Ambasador-19-bg_resize-696x454.jpg?resize=696%2C454&ssl=1)
Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Македонија за справување со коронавирусот.
– Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.
Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава. – Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на Северна Макеоднија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување. #idninazaedno #napredzaedno #EUsoTebe #EUwithU, порачува евроамбасадорот Самуел Жбогар.