Жбогар: Законот за јавно обвинителство не е услов, но треба да се донесе

Европската комисија не го стави Законот за јавно обвинителство како услов за почеток на преговорите, но тој  треба да биде доенсен, бидејќи на таков начин ќе покажете промена на начинот на мислење што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, порача денес евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Комисијата за водењето на приостапните преговори.

„Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. За повеќе земји членки е важно демонстрирањето на посветеноста за владеење на правото. Исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, а потоа како преговорите да ги искористиме максимално за промена на државата со цел младите луѓе да не заминуваат, рече Жбогар.

Порака со ваква содржина деновиве имаше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархелји.

Жбогар, исто така, додаде дека Европската комисија ја заврши својата работа, нагласувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од македонска страна за ова партнерство со цел да се демонстрира посветеноста кон европската иднина на земјата.

Неопходно е да се продолжи со добрите реформи, да се спроведат фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи, истакн Жбогар.

Осврнувајќи се на новата методологија на ЕК, тој рече дека е „одлична вест за западен Балкан и вин-вин ситуација“ за ЕУ и за земјите од регионотОд една страна, бидејќи ЕУ препознавала дека проширувањето е „стратешка инвестиција“ која ќе овозможи да биде стабилна и обединета, а за земјите од регионот бидејќи го реафирмира фактот дека крајната цел на овој процес е полноправно членство во ЕУ.

„Целта на документот е да се рестартира и да се забрза процесот кој загуби дел од енергијата од двете страни, како и да се врати довербата на двете страниистакна Жбогар додавајќи дека во спроведување на овој процес е потребна поголема искреност.

Тоа значи дека кога земјите кандидатки ќе кажат дека прават реформи, не треба само да се носат закони туку вистински да го реформираат општеството, а во ЕУ кога зборуваме за процесот на проширување вистински да мислиме дека патот води кон членство во Унијата“рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.