Желбата за избори на СДСМ стана главен фактор на ширењето на коронавирусот

СДСМ ги пушти своите активисти на терен да делат пропаганден материјал и да ги убедуваат граѓаните дека тие се вистинскиот избор. Но, „домашниот есап и празарниот не се исти“ се вели во една народна поговорка, па така и пресметките на централата на СДСМ на чело со Заев не испаѓаат според нивните математики. Наместо пандемијата да стивне, кај нас вивна со целата жестина, а тие станаа главен фактор на ширењето на коронавирусот.

Кога желбата е поголема од реалните можности, тогаш тоа ви се удира од глава. Прво со изјава дека е заразен излезе потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, потоа следеа изјави дека во контакт со него биле министерот Дамјан Манчевски, па Марјан Забрчанец, потпретседателката на Владата, Мила Царовска, кои се во самоизолација, иако на тестовите биле негативни. Поради контакт, односно учество во емисија во самоизолација се и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како и новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа, како и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Играњето со оган, во случајов со коронавирусот, е опасна работа и тоа никого не го одминува. Затоа пустата желба за избори/ власт оставете ја настрана, за да не страдаат невини луѓе. Направете нешто добро за сопстевниот народ – не одете во кампања за да го спречите ширењето на Ковид-19 и вие и народот да бидете живи и здрави.

Веруваме дека не сакате да бидете покажувани со прст. Мавнете избори и кампања гледајте го здравјето на нацијата!