На 06.09.2021 во 13.10 часот било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко моторно возило „бмв“ со пробни регистарски ознаки, управувано од В.А.(39) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од В.Ј.(56) од Гостивар.
Во незгодата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.