Во четвртокот во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Петровец, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. на 61-година од Скопје удрило во пешакот 59-годишната Д.В. од селото Катланово, а потоа излегло од коловозот.
На местото на несреќата починала Д.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото 58-годишната Д.Т. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.