Жена во францускиот јужен град Ним сигурно силно се шокирала кога во петокот сфатила дека поради заборавност во автобус ја оставила торбата со 40 илјади евра.
Благодарејќи на чесноста на службеник на автобуската компанија, во понеделникот била повикана во полицијата да си ги земе своите работи, пишува весникот Midi Libre.
Возачот на автобусот ја нашол торбата откако му завршила смената и ја оставил во автобуската гаража, но не погледнал во нејзината содржина.
За да го пронајдат сопственикот, друг службеник на компанијата ја отворил торбата и во неа нашол вкупно 40.000 вра во банкноти во помали апоени, како и документи коишто го докажуваат легалното потекло на парите.
Според весникот, станува збор за странска државјанка којашто поседувала царински документи за легален пренос на парите.