Највата дека Женава кон средината на јуни ќе биде местото на силно исчекуваната средба меѓу американскиот и рускиот претседател го продвижи забрзаното организирање на настаниѕет во овој швајцарски град.
Околу илјада припадници на безбедносните сили на 16-ти јуни ќе бидат на улиците на Женева во време на средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега по должност Владимир Путин, изјави шефот на организацискиот тим Лорен Канел за швајцарското национално радио SRF.
Тоа ќе биде првата посета на Бајден на Европа откако ја презема должноста американски претседател, а подоцна на конитентот ќе учествува и на средбите на врвот на НАТО и на групата седум најразвиени земји на светот Г7.
Женева веќе има историја на организирање важни меѓународни состаноци на врвот, меѓу кои е и историската средба од 1985 година се сретнаа тогашниот американски претседател Роналд Реган и послениот претседател на некогашниот Советски сојуз, Михаил Горбачев.
Швајцарскиот град е и седиште на некои од институциите на Обединетите нации во Европа, поради што во неа се сместени и голем број странски дипломатски мисии.
Изминатите месеци во Женева се одржаа мировните преговори за Либија, за судбината на поделениот Кипар, дискусијата за новиот устав на Сирија, како и дел од расправите за иранската нуклеарна програма.
Поради пандемијата на коронавирусот, најголем дел од ваквите настани беа префлрени на интернет, па Женева сега се надева дека со самитот Путин – Бајден ќе го врати статусот дипломатски центар.
„Овој состанок на врвот ќе ѝ го враи на Женева она што го загуби во времето на коронавирусот, нејзината меѓународна улога“, изјави Ан Емери-Рорицинта, премиерката на женевскиот кантон за радиото RTS.
„Имаме многу искуство со ваквиот вид настани. Ќе бидеме успешни во тоа“, додава локалниот челник на туристичката заедница Адреин Гение за SRF.