Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2020, на 5 април ќе се одржи новото, 8 по ред, издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Пријавувањето започнува од денеска, 29 јануари преку веб страната www.zenskatrka.mk.
Авицена Женската Трка стана симбол на Скопје, случување кое со задоволство го прегрнуваат жените од сите возрасти, во име на здравјето, но и во име на добрата дружба.
И оваа година, дамите ќе трчаат стартувајќи од бул. Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска. Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.
Единствен предуслов за да се вклучите во трката е да сте жени, но со себе понесете и многу спортски дух.