Седумдесет и осумгодишниот Б.Ј., жител на кумановското село Пчиња почина рано изутрината во пожар што ја зафати неговата куќа, информираа од МВР.
Пожарот бил изгаснат во 10.45 часот.
Од МВР посочуваат дека пожарот во СВР Куманово бил пријавен во 04.00 часот изутрината, а нивна екипа заедно со обвинител излегла на увид.
Од Територијалната противпожарна единица, информираат дека пожарот кај нив пријавен во 03.45 часот изутрината. Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари со три возила.
„Во објектот беше пронајдено починато лице“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.