Жител на Лојане уапсен за криумчарење мигранти од Куба

На 05.09.2021 година на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода 35-годшниот А.А. од селото Лојане, општина Липково.

При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба, идентификувани како Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.