
Жителите на скопското село Добри Дол од 15,30 часот се без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-100 милиметри во селото Добри Дол во долот, без водоснабдувањето ќе останат корисниците од истоименото населено место од 15,30 часот, а ќе трае се’ до санирање на дефектот.