Живковски: Повторната кандидатура на неработникот Темелковски за градоначалник на Кисела Вода е навреда на интелигенцијата на граѓаните

4 години владеење на Филип Темелковски и СДСМ, четири мрачни поминати години за жителите на Кисела Вода, вели Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

-Лаги и празни зборови, нереализирани ветувања, урбан хаос, мистериозни ДУП-ови, раскопапни улици, исушени тревници. Ова е сликата за владеењето на Филип Темелковски со Кисела Вода.

СДСМ се поигрува со граѓаните. Објавата за повторна кандидатура на неработникот Темелковски за кандидат за Градоначалник на Кисела Вода е само уште еден обид за навреда на интелигенцијата на нашите сограѓани. Уште еден обид да се потцени и навреди граѓанинот. Уште еден обид лагите да се претстават како вистина, недомаќинското работење да се претстави како домаќинско, лошото да се претстави како добро, а неработниците да се претстават како херои.

Но, народот не заборава, доаѓаат подобри времиња. На престојните локални избори Филип Темелковски и СДСМ ќе бидат убедливо поразени во Кисела Вода. На престојните локални избори ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе издвојуваат убедлива победа во Кисела Вода, а вие Филип Темелковски ќе останете запишан во историјата на општината како најнеуспешен градоначалник, кој не направи апсолутно ништо за жителите на Кисела Вода.

За жал ќе останете еден кошмар кој несреќно владееше со општината четири години.

Господине Темелковски вашата политичка кариера заврши, за три месеци од сега Кисела Вода ќе биде оттргната од вашите канџи и вратена во рацете на граѓаните. Во иднина Кисела Вода ќе претставува општина која реализира проекти а не празни ветувања, општина партнер на граѓаните, општина која ќе биде вистински сервис и локална поддршка за граѓаните, додава Живковски.