Животната приказна на Џулија Робертс инспирација за филм

Eдна од најдобрите холивудски актерки, славната Џулија Робертс зачекори во шестата деценија од животот, но нејзината глума и изглед сè уште го привлекуваат интересот на јавноста.

Нејзината животна приказна е толку возбудлива што е само прашање на време кога некој ќе се осмели да ја пренесе таа приказна на екранот.

Џулија Робертс важи за една од најплатените актерки во Холивуд. По освојувањето на Златен глобус за улогата во „Челични магнолии“, таа беше номинирана и за Оскар.

Џулија е позната како голем поддржувач на природниот изглед, поради што одбивала секакви естетски корекции. Таа сака да изгледа во склад со годините, а би се рекло дека токму поради тоа и денес е многу ангажирана актерка.

Џулија Робертс е родена на 28 септември 1967 година во Смирна, Џорџија. Нејзиното целосно име е Џулија Фиона Робертс. Нејзиниот татко се викал Волтер Градли, а мајка ѝ Бети Лу.

Кога Џулија имала само четири години, бракот на нејзините родители завршил со развод, по што нејзината мајка се омажила за Мајкл Моатс. Ликот на Мајкл бил многу непредвидлив, а често имал изливи на гнев и навредливи коментари упатени кон Џулија, па нејзиното детство со очувот не било воопшто лесно. Постојаните изливи на гнев и агресивното однесување го загорчуваа животот не само на Џулија, туку и на нејзиниот брат и сестра.

Таткото на Џулија почина од рак во 1977 година и тоа беше еден од најтешките периоди во нејзиниот живот. Џулија има постар брат Ерик и помлада сестра Лиза, кои исто така се занимаваат со глума, но ни приближно не се толку успешни како Џулија. Покрај нив, Џулија имаше и полусестра, Ненси. За жал, Ненси се самоуби во 2014 година, а неколку месеци подоцна почина и нејзината мајка по долга и тешка борба со ракот.

За време на средношколските денови, Џулија почнала да се занимава со глума, а потоа заминала во Њујорк, каде набрзо почнала да работи како модел, за да заработи за живот. Така таа влезе во светот на филмот, глумејќи прва во нискобуџетни филмови.

Актерката беше во врска со ирскиот актер Лиам Нисон, канадскиот актер Кифер Сатерленд, Џејсон Патрик, Метју Пери и Бенџамин Брет.

Во 1991 година се вери со актерот Кифер Сатерленд, со кого раскинаа три дена пред свадбата.
Во 1993 година го запознала пејачот Лио Ловет во кој лудо се заљуби, а набрзо парот тргнал на пат. По две години брак, парот се разведува. Џулија изјавила дека премногу набрзина стапила во брак за кој не била подготвена, дека ја прилекувала голема љубов кон интересен музичар.

Исто така, таа не беше подготвена за улогата на мајка, додека Ловет многу го сакаше тоа. Различните светогледи и животни патишта значеа дека парот не може да најде начин да преживее.

Во 2001 година, на снимањето на филмот „Мексиканец“ со нејзиниот партнер и пријател Бред Пит, Џулија го запознала камерманот Даниел Модер, кој полека го освоил нејзиното срце и со кого започнала љубовна врска, која на крајот завршила со бракот на парот во Ново Мексико во 2002. годинина.

Рекла дека вистинската љубов ја запознала само со Даниел, дека со него созревала и сфатила што е суштината на животот и дека Даниел и го променил животот од корен.

Кога се запознале, тој беше во брак со Вера Стајмберг, а набргу откако познатата актерка влезе во неговиот живот, поднесе барање за развод. Во тоа време, некои луѓе ја нарекуваа Џулија „уништувач на бракови“, бидејќи, како што беше напишано, таа киднапирала туѓ сопруг.

На 28 ноември 2004 година, благодарение на ин витро оплодувањето, двајцата станаа родители на прекрасни близнаци – Хејзел Патриша и Фајнс Волтер. Три години подоцна двојката добила уште еден син, Хенри.