Напаѓачот на мадридски Атлетико, Жоао Феликс, е третиот играч на моментално водечката екипа во шпанското фудбалско првенство кој оваа седмица е позитивен на Covid-19.
Според соопштението кое го издаде Атлетико, Португалецот за кого во 2019 година беа платени 126 милиони евра, е изолиран во својот дом во согласност со епидемиолошкиот протокол на Ла Лига.
Феликс така ќе го пропушти во понеделник домашниот натпревар против Селта Виго, заедно со бекот Марио Ермос и крилото Јаник Караско, кои исто така беа позитивни на тестирањето минатата седмица.
Атлетико води на табелата на Примера со десет бодови предност пред Барселона и Реал Мадрид со натпревар помалку.