Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула во домашниот ракометен шампионат.
За Ѓорче Петров поразот од Куманово кој беше прв овосезонски не значеше ништо, затоа што трофејот беше обезбеден уште од поодамна, но вечерва и беше доделен од страна на генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски.
„Денес официјално беше доделен пехарот за шампион во Женска Суперлига на екипата Ѓорче Петров. Вечерва во „Христо Батанџиев“ по завршување на натпреварот ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Куманово, пехарот и медалите беа доделени од страна на генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски“, стои во објавата на РФМ.
На денешната средба најефикасна беше ракометарката на шампионот Анастасија Николовска со десет погодоци, додека за Куманово се истакна Сузана Зечевиќ со осум гола.