Актерката Жули Гаје е во четвртиот месец од бременоста, а татко на бебето е францускиот претседател Франсоа Оланд, пренесува „Дејли Меил“.
Според непотврдените и неофицијални информации, 41-годишната актерка треба да се породи во јуни. Од Елисејската палата ги негираа тврдењата.
По обелоденувањето за авантурата на 59-годишниот претседател, првата дама на Франција, 48-годишната Валери Трирвајлер е во болница од петокот. На прес-конференцијата одржана синоќа, Франсоа Оланд не го коментира својот брак, но вели дека пред 14 февруари ќе се реши ситуацијата во семејството.