Ѕирнете во светот на женските сексуални фантазии

Ѕирнете во светот на женските сексуални фантазии
Ѕирнете во светот на женските сексуални фантазии

Фантазијата е моќна сексуална алатка која предизвикува голема возбуда и страст.

Фројд направил грешка кога тврдел дека само сексуално незадоволените луѓе фантазираат за секс. Денешните истражувања покажале дека луѓето кои имаат богата еротска фантазија, имаат и покачено либидо и чувствуваат поголемо задоволство за време на интимните контакти. Сексуалните фантазии се апсолутно нормални и присутни и во машкиот и во женскиот ум. Тие може да се однесуваат на некое искуство од минатото или едноставно да се само тајни фантазии кои никогаш не се случиле, а некои не ни посакуваме да се остварат.

Многу почесто слушаме за машките фантазии и за тоа што мажите посакуваат во кревет. Женските сексуални фантазии сè уште како да остануваат во категоријата табу. И покрај тоа, постојат релевантни докази дека колку и да се различни жените една од друга, голем дел од нивните фантазии се повторуваат. Еве мал дел од мистичниот свет на женските сексуални фантазии:

Совршениот љубовник

Една од најчестите фантазии е секс со привлечен и страстен маж кој знае како да направи да се чувствувате специјални, знае како да ве допре без да му давате инструкции и може да ве задоволи како никој друг. Во фантазиите тоа може да биде вашиот партнер, непознат странец, пријател, колега или селебрити личност.

Секс со странец

  • Секси странец. Повеќето жени ја обожаваат идејата да се запознаат со мистериозен секси странец со кого ќе имаат луда интензивна сексуална авантура, а по која никогаш повеќе нема да го видат.

    Зошто е примамливо? Жените често се воздржуваат за време на сексуалните односи, а кога се со некој што не го познаваат и кого никогаш повеќе нема да го сретнат, можат целосно да се опуштат и да ја покажат својата дива страна без да се плашат дека ќе бидат осудувани и без да чувствуваат грижа на совеста.

  • Вашиот партнер. Многу жени фантазираат за своите партнери, но бидејќи станува збор за тајна фантазија, тие фантазираат за нешто поинакво од она што го доживуваат во реалноста. Ако нивниот партнер е секогаш внимателен и нежен, си замислуваат див секс со него и обратно.

    Зошто е примамливо? Затоа што одлично го познавате вашиот партнер и можете детално да си го претставите секој момент, а освен тоа оваа фантазија не носи чувство на вина – сепак вие фантазирате за вашиот партнер.

  • Колега, пријател, бивши. Фантазирањето за привлечниот бивши, колега, пријател, па дури и за партнерот на најдобрата пријателка, е сосема нормално. Често сте во контакт со оваа личност, а може и да присуствува во вашите палави соништа.

    Зошто е примамливо? Одговорот е сосема едноставен – забранетото овошје секогаш е послатко.

  • Селебрити заводник. Ако не е Бред Пит, може да биде Џорџ Клуни, ако не е Клуни, може тоа да е Вилијам Леви или Џони Деп… Сигурно сте го виделе на екран како заведува, па сте посакале вие да сте на местото на неговата колешка актерка.

    Зошто е примамливо? Тој е светски секс симбол кој со еден поглед може да направи да сакате да се соблечете. Причината зошто е примамливо е очигледна.

Страсно триоSilhouette-Celebrity-Threesome-Main

Сексот во тројка не е само популарна машка фантазија. И жените посакуваат уште една личност во спалната, барем во своите фантазии.

  • Тројка со двајца мажи. Како што мажите би сакале да го добиваат целото внимание од две жени, така и жените би сакале да бидат цел на допирите на двајца мажи кои ги обожаваат и посакуваат. Во оваа фантазија најчесто мажите се хетеросексуални и се заинтересирани само за жената и за нејзиното задоволување.
  • Тројка со маж и жена. Да, најчестата машка фантазија е и женска. Но, додека во машките фантазии двете жени подеднакво учествуваат во сексуалната игра предводена од мажот, во женските фантазии мажот е попасивен учесник (набљудувач) и/или не ѝ обрнува многу внимание на другата жена, за да се избегне чувството на љубомора.

Зошто е примамливо? Стандардниот секс вклучува две лица. Фантазиите вообичаено вклучуваат нешто што е надвор од нормите, надвор од она што е прифатено за општеството, па сексот во тројка е токму тоа. Дополнително, денес често се зборува за сексот во тројка како нешто возбудливо и интересно, па многумина решаваат дури и да го искусат. Но, запомнете дека реалноста е далеку поинаква од фантазиите. Оние кои не се големи авантуристи и експериментатори решаваат да ја зачуваат „тројката“ во своите мисли.

Доминација3862583_five-tips-for-being-dominant-in-the-bedroom_2d77a6c3_m

Сексот во којшто едниот партнер е доминантен е во фантазиите на секоја жена.

  • Машка доминација. Жените сакаат мажествени мажи во чија прегратка можат да се изгубат. Скоро секоја жена си има помислено на таканареченото безбедно силување.
  • Женска доминација. Колку и да посакуваат силни мажи кои доминираат во спалната, жените понекогаш посакуваат тие да ја преземат контролата и нивниот партнер да ги исполнува сите нивни желби.

Зошто е примамливо? Доминантноста и потчинетоста создаваат страст и поголема возбуда. Кога жените се доминантни, обземени се со чувството на моќ и власт, а кога се потчинети, уживаат во сценариото да бидат скоро беспомошни во рацете на силен маж.

Секс со друга жена

vshot-lesbiankiss-1.w1200.h630

Ретки се жените кои никогаш не си помислиле како би било да бакнат други нежни женски усни, па и да си разменат еротски допири со претставничка на понежниот пол.

Зошто е примамливо? И жените ѝ се воодушевуваат на убавината на женското тело. Освен тоа, жените знаат како сакаат да бидат допрени, па се примамени од фактот што сексот со жена е како секс со нежен совршен љубовник. Љубопитноста е важен фактор за ваквите фантазии.

Палави, забавни, сензуални и често неочекувани, сексуалните фантазии неретко ги преземаат нашите мисли, потсвеста или соништата. Иако некои жени ги оставаат еротските сценарија токму во фантазијата, други се обидуваат да ги инкорпорираат во својот сексуален живот.

Сепак, причината поради која фантазиите се толку возбудливи и примамливи е што повеќето од нив никогаш нема да бидат реализирани.