Струмичко Ново Село вечерва е претворено буквално во „Дивиот Исток“. Сѐ уште може да се слушнат престрелки, откако пред поливна чaс жители на селото Бадолен од општина Ново Село ја известија нашата редакција дека се случила страшна престрелка меѓу две групи.
Тревогата е вклучена и кај бугарската полиција, којашто ја зголемила борбената готовност на својата погранична единица. Паника од мафијашките пресметки има и од двете страни на границата. Локалното население информираше дека најверојатно станува збор за криминални групи кои се занимаваат со прекуграничен шверц на цигари.
Како што велат мештаните, престрелката се случувала во близина на поседот, или како што го нарекуваат „ранчот“, на градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ, кој исто така е забележан како се движи во областа следен од две возила и нему блиски лица, а во насока на местото каде што се одвивала престрелката се упатиле бројни полициски сили и амбулантни возила, како и лично началникот на полицијата.
Граѓаните се преплашени и очекуваат информации од полицијата за престрелката. Како што изјавуваат, сите се затворени во своите домови и стравуваат за својата безбедност
Според информации на порталот Инфомакс, постоеле сериозни индиции дека градоначалникот можно е да е инволвиран во нелегални активности. Непотврдени информации говорат дека бил предмет на полициски истраги, но пријави биле процесуирани против неговата сопруга и роднини кои фигурирале како управители на фирмите. Наводно тој успевал да се прикрие, а истрагите прекинале по доаѓањето на власт на СДСМ и влегувањето на Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи.
Градоначалникот Боро Стојчев важи и за близок пријател со премиерот Зоран Заев, но од друга страна и на актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, кој се смета за човек на вицепремиерката Радмила Шекеринска , и кој наводно знаел да постапува и надвор од насоките на ресорниот министер Оливер Спасовски.