Жителите на Припор повикуваат на протест

Жителите на Припор денеска повикуваат на протест од 17 до 19 часот поради изградба на потпорен ѕид на улицата „Христо Татарчев- крак 14“, каде пред две недели загина работник, а неговиот колега се здоби со повреди по одрон на земјиште.

По трагедијата работата беше стопирана, а општината Кисела Вода даде забрана за сообраќај и движење на пешаците заради опасност од повторен одрон на земјиштето. Поради ненадминување на проблемот и неажурноста, жителите на Припор повикаа на протест денеска од 17 до 19 часот.