Жителите од Ново Лисиче се ослободија од електронскиот отпад

ново лисиче

Граѓаните имаа можност од своите домови да ги отстранат старите телевизори, компјутери, шпорети, машини за перење, микробранови печки…кои ќе бидат соодветно складирани од фирми кои управуваат со ваков отпад.

Акцијата која се реализира во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, продолжува наредната 2017 година и ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница, како и до сега.