9.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Златев: Полицаец ми впери автомат во лице нарекувајќи ме мајмун

Додека како професионален и легитимиран новинар доаѓав да го следам судењето во граѓанската парница помеѓу Зоран Заев и Александар Николовски, полициски службеник ми впери автомат во лице нарекувајќи ме мајмун, пишува новинарот Љупчо Златев.

„Се што сакав е да поминам по патот помеѓу кривичниот суд и граѓанскиот суд кога специјалецот го впери автоматот кон мене со зборовите “Бегај од тука мајмуне” без никакво претходно предупредување.

Инаку се ова се случи иако пред мене и по мене поминуваа луѓе.

Треба еднаш да се стави крај на овој насилен картел“ – обелодени тој!