Златната мечка на Берлиналето за иранскиот филм „Нема зло“

Кадар од филмот „Берлин, Александарплац“

Победник на годинешното јубилејно 70-то издание на филмскиот фестивал во Берлин и добитник на Златната мечка за најдобар филм е иранскиот филм „Злото не постои/Нема зло“ на режисерот Мухамед Расулоф.

Филмот „Нема зло“ (There Is No Evil), снимен од ирански, германски и чешки кинематографери, низ четири приказни го тематизира прашањето на смртната казна во Иран. На режисерот не му беше дозволено доаѓање на Берлиналето, така што Златната мечка, претседателот на жирото британскиот актер Џереми Ајронс, ја врачи на ќерката на режисерот Расулоф.

Заплетот се заснова на приказните на четворица мажи кои всушност раскажуваат за степенот на индивидуалнта слобода. Еден од нив е примерен семеен човек, кој крие тајна од своите блиски, Вториот не може да замисли дека може да убие човек, но мора да го стори тоа. Друг има намера да ѝ предложи брак на својата девојка, но едно изненадување ги менува неговите намери, Последниот е легар кој претпочитал повлекување од омилената работа. Секој од овие ликови се соочува со потребата да ја брани слободата по секоја цена.

Ова инаку е третиот ирански филм кој ја освојува Златната мечка од 2011 година.

Делото на камбоџанскиот режисер Рити Панх „Озрачено“ (Irradiated), кое раскажува за животот на луѓето кои преживеале изложеноста на радијација во текот на војната, е награден за најдобар документарен филм.

Сребрената мечка за најдобра режија ја доби корејскиот режисер Ханг Сангсу за филмот „Жената која трчаше“ (The Woman Who Ran)., а Сребрената мечка, специјалната награда на жирито американската режисерка Еизкла Хитмен за филмот „Никогаш ретко понекогаш секогаш“ (Never Rarely Sometimes Allways).

Сребрената мечка за женска улога ја освои германската актерка Паула Беер за главната ролја во филмот „Ундине“, а во машката категорија лауреат е италијанскиот актер Елио Германо за улогата во „Сакав да се сокријам“ (Volevo nascondermi).

Сребрената мечка за најдобро сценарио им е доделена на италијанските браќа Фабио и Дамиано Д“Иноченѕа за филмот „Грди приказни“ (Bad Tales).

Сребрената мечка за извонредно уметничко достигнување доби германскиот камерман Јурген Јиргес за филмот „ДАУ. Наташа“ на руските режисери Екатерина Оертел и Илја Хржановски.

Претходно наградата на публиката во програмата Панорама го доби филмот „Татко“ на српскиот режисер Срѓан Голубовиќ.

Годинешното 70-то издание на Берлиналето се одржа под новото водство, Карл Катријан и Мариет Рисенбек, кој го преземаа фестивалот откако 18 години го водеше Дитер Кослик.

Фестивалот во Берлин, кој покрај смотрите во Венеција и Кан, спаѓа меѓу најважните конкурси на филмските остварувања во светот, завршива во недела, денот резервиран за широката публика.