
Се вели дека ние сме она што го јадеме, па затоа би било добро да внимавате како ги подготвувате оброците ако сакате да имате енергија, идеална линија и долг живот.
Еве неколку важни правила за подготвувањето на храната што треба да ги запомните и да ги користите кога готвите.
-
Количина на масло
Количеството на масло што го користите додека готвите влијае на вашето здравје повеќе отколку што си мислите. Ако го намалите количеството на масло, автоматски го намалувате и износот на калории што сте ги внеле во организмот и така ја спречувате појавата на одредени болести или прекумерната тежина што може да предизвика хипертензија или срцев удар.
-
Свежи продукти
Користењето овошје и зеленчук во подготвуваето на храната би требало да биде основно прав ило за исхрана. Свежите продукти содржат многу повеќе витамини од оние што долго време стојат во ладилникот или веќе еднаш биле термички обработени.
-
Техника на готвење
Начинот на кој ја приготвувате храната ќе одреди колку нутриенти ќе содржи таа. Експрес лонецот е одлична опција за здраво готвење.
-
Житарки и грав
Ако одредени продукти ги оставите во вода преку ноќ, тие полесно ќе се зготват, а од нив ќе исчезнат антинутриентите и ќе останат само потребните хранливи состојки. Исто така полесно ќе се варат и во организмот.
-
Кора
За време на подготовката на овошјето и зеленчукот често се прашуваме дали треба да ја излупиме лушпата, со оглед на тоа што таа содржи хранливи материи што му се потребни на нашиот организам. Наместо за лупење, одлучете се за добро миење на овошјето и зеленчукот со топла вода за да ги зачувате тие хранливи состојки и да му дадете на организмот се што му треба.