Возрасен маж на 96-годишна возраст, кој е болен и неподвижен веќе подолго време, бил дополнително шокиран кога бил известен од неговото семејство дека на избирачкиот список било констатирано дека тој веќе наводно гласал, и тоа на избирачкото место 1382 кое се наоѓа во објект во Прилеп.
Неподвижниот старец бил заведен дека наводно станал од креветот, отишол до објектот и гласал, што е скандалозно.
Се чини веројатно дека и дедото бил жртва на изборна нерегуларност и дека наместо него гласало некое друго лице кое немало право на тоа.
Со овој случај се зголемува бројот на информации за тешки нерегуларности кои се случуваа на локалните избори во неделата.
Според информациите и за овој случај една политичка партија поднела приговор до ДИК, останува да следиме како ќе се произнесе претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите на Комисијата.