На патот оа Австралија до Шкотска во патнички ковчег една змија во чевел пропатувала преклу три континента и минала околу 15.000 киолометри, пишуваат во понеделникот австралиските медиуми.
Неотровниот џуџест питон е пронајден во петокот во обувката на Мојра Боксо л, којашто се вратила од летниот одмор во Австралија, пренесува австралиската мрежа ABC News.
Пол Ерли, нејзиниот зет, кој со семејството живее во грдот Макај, во сојузната држава Квинсленд, за австралиската телевизија рекол дека питонот сокриен во обувката во коферот за сите бил изненадување.
„Мојра Боксол не очекувала дека ќе најде змија кога ја распакувала својата тирба по враќањето дома во Шкотска. Неверојатно е што џуџестиот питон стасал од Макај до Глазгов, без никој да го забележи. Змиите за Шкотите се туѓи како и снегот за жителиет на Квинсленд“, вели Ерли.
Змијата не само што пропатувала 15.000 километи во обувка, туку и на патешествието преку трите континента ја променила „кошулата“, што се гледа од фотографиите објавени во локалните медиуми.
Мојра морала да побара помош од пријател да го распакува остатокот од багажот, во случај да има уште некоја змија. Питонот моментално е во карантин во Шкотска и наскоро може да биде префрлен во зоолошката градина во Глазгов.