Знаци дека веќе не сте вљубени во партнерот

Во овие случаи можно е да се појават физички знаци дека веќе не сте вљубени, пред воопшто умот да биде свесен што се случува. Ова се должи на тоа што физичкото и менталното здравје се тесно поврзани, па она што се случува на ниво на свест и потсвест, се манифестира и врз телото.

Многумина чувствуваат физички симптоми на своите емоции пред воопшто да сфатат дека тие се случуваат. Тоа е во природата на човекот и не можеме да направиме ништо да го смениме, освен да научиме порано да ги препознаваме знаците и да можеме да се поштедиме од многу непријатни ситуации.

Затоа, слушајте го своето тело, кое на следниве начини ви покажува дека веќе не чувствување љубов кон таа личност:

1. Гушење и анксиозност

Ако при секоја помисла на партнерот станувате анксиозни, тоа е јасен знак дека нешто не е во ред со вашите емоции. Најчесто гушењето и анксиозноста се проследени со стегање во стомакот, во главата и со неможност да сте опуштени во близина на партнерот.

2. Се повлекувате од јавно покажување емоции

Партнерот се обидува да ве бакне додека сте надвор, но вие се повлекувате дури и кога ве држи за рака. Иако на почеток ви се чини дека е нешто моментално и дека во тој миг ви требало простор, вашето тело ви кажува дека веќе не уживате ниту во прегратките, ниту во допирите на партнерот.

shest-fizichki-znaci-deka-vekje-ne-ste-vljubeni-vo-partnerot-02.jpg

3. Имате дигестивни проблеми

Промени во апетитот, грчеви во стомакот и необјасниви болки кога сте со партнерот се јасен знак дека вашето тело трпи некаков стрес или анксиозност. Забележете дали овие симптоми се повлекуваат кога не сте во близина, па извлечете заклучок.

4. Ви се менуваат навиките за спиење

Слично како и со апетитот, промените во сонот може да бидат аларм, особено ако делите кревет. И повторно, иако мислите дека се работи за моментална потреба од повеќе простор, размислете подлабоко од тоа.

shest-fizichki-znaci-deka-vekje-ne-ste-vljubeni-vo-partnerot-03.jpg

5. Партнерот ви станува одвратен

Наеднаш вашиот нос не може да го поднесе телесниот мирис на партнерот до степен што дури и ви се лоши кога е во ваша близина. Да не зборуваме пак за бакнежи или секс. Појасен знак од овој дека веќе не се вљубени, нема.

6. Нервозни сте и чувствувате тензија

Ако уште сте во врска со партнер во кој не сте вљубени, почнувате да чувствувате симтоми на стрес, анксиозност, депресија, па дури и реални болки во рамениците, вратот и грбот. Тоа значи дека вашето тело е под стрес и ако причината ја лоцирате во партнерот, време е да се преиспитате за вашата врска.