Знамиња на УЧК и Албанија поставени на црквата Свети Атанасиј и Калето во Тетово

Две знамиња едното на УЧК а второто на Република Албанија попладнево биле поставени на тетовското Кале, објави Тетовоинфо.мк.

Знамето на Албанија било ставено врз крстот од црквата „Св. Атанасиј“ а знамето на УЧК било поставено на бандера на влез во Калето.

Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.