Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов го унапреди командантот на ЗОК во ГШ на АРМ, Зоран Милевски во чин генерал-мајор.
Претседателот Иванов, согласно Законот за одбрана и Законот за служба во Армијата на Република Македонија со Указ изврши унапредување на командантот на Здружената оперативна команда во Генралштабот на АРМ, бригадниот генерал Зоран Милески во чин генерал-мајор, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.