
Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово преку статус на Фејсбук пишува дека неспособноста на државата и локалната власт е најголемиот виновник за ситуацијата со коронавирусот во Куманово!
-НЕСПОСОБНОСТА на државната и локалната власт е најголемиот виновник за ситуацијата со коронавирусот во Куманово!
Најмалку виновни се “недисциплираните” кумановци, како што сакаат да наметнат властите преку медиумската пропаганда и ликови кои Куманово го виделе само на географска карта!
Кога веќе градоначалникот знаел дека имало заболен во семејството на некој од општинскиот кризен штаб, кога веќе се тестирал, кога очекувал резултати и знаел дека потенцијално можел да биде заразен, ЗОШТО вчера си тераше ПР кампања и политика, па држеше состаноци со кризниот штаб, Советот на општината и други. Во нормални држави, за вакво загрозување на здравјето на народот, па и на функционерите, кривично се одговара!
Зошто вчера пола влада, на чело со техничкиот премиер, се „иступори“ во Куманово, исто така терајќи ПР кампања и политика, па се „испотепаа“ кој повеќе да даде изјави за медиуми? Особено сега, кога Куманово е во окото на јавноста, а претходно еден месец со мал прст не мрднаа за Куманово! Зошто владата до ден денес 1 денар финансиски средства не оддели за помош на Куманово за справување со кризата?
Колку и да изјавуваат државните и локалните функционери дека сега не е време за политика, токму тие и те како водат политика и тераат кампања, наместо да засукаат ракави и да работат. И тоа, за жал, им се удри од глава…
Неколку пати укажував на пропустите, а бев обвинуван за политиканство. Ако политиканство значи да се грижиш за своите сограѓани и со тоа можеби да спасиш животи, тогаш ДА, ќе продолжам да го правам тоа.
Барав одговорност за хуманитарната акција на СДСМ Куманово на 02-ти и 03-ти април, но никој ниту ја осуди, а не пак да се покриене соодветна постапка… Исто така, барав одговорност од владата за непромисленото и доцно соопштување за викенд карантинот во Куманово на 03-ти април, кога направија страв и паника кај кумановци и ги напика по маркетите и аптеките. Резултатите од тоа ги гледаме деновиве… Барав и да понесе одговорност менаџменотот на кумановската болница, која е пред колапс и е еден од изворите на зараза…
Во некои подобри времиња, за сѐ ова што го пишувам ве уверувам дека ќе има одговорност!
Неспособни се да ја водат ниту државата, ниту општината. Неспособни и штетни…
И ДА, ќе победиме, и ДА, ќе се избориме, но очигледно сами, почитувани кумановци, стои во неговиот пост на Фејсбук.