Ако и понатаму сте неодлучни во тоа да се предадете во неговата фантазија за анален секс, можеби овие причини зошто тој го сака тоа, ќе ви помогнат да донесете одлука.
Станува збор за табу тема која не е претерано чудна
Аналниот секс повеќе не е толку сериозно табу, барем не како навлекување гумени одела или камшикување за време на сексот. Но, и понатаму се чувствуваме „валкано“ кога го имаме. Доволно е интензивен, но не толку за работите да можат да излезат од контрола.
Малкумина биле таму
Не е важно со колку типови спиела девојката, бидејќи веројатно само со неколкумина имала анален секс. Станува збор за ВИП секс кој е резервиран само за специјални типови, а секој маж сака да биде посебен.
Станува збор за статусен симбол
Аналниот секс е како кавијар – го јадат богатите луѓе само затоа што е скап. Понекогаш мажот сака да има анален секс само затоа му изгледа како „елитен пристап“ и поради ниедна друга причина. Секако, не сакаат сите да јадат кавијар, исто како што не сакаат сите да имаат анален секс, но постојат луѓе кои едноставно сакаат да се пофалат пред другите дека јаделе кавијар, или имале дека анален секс.
Им дава чувство на моќ
Фактот дека мажот ја контролира ситуацијата е многу моќен, како и моментот во кој девојката му ги препушта уздите на своето задоволство, но и на довербата. А, доколку на девојката и` се допадне и дојде до оргазам, секој маж ќе посака да се „удира в гради“ од гордост.
Му покажувате дека му верувате
Фактот дека мажот добива пристап до дел од женското тело кој бара неверојатна доверба, им дава фантастично чувство. И не, не е сексуално. Ако девојката е нервозна, но сепак се согласи, секој маж ќе се почувствува како милион долари.