Во најкус можен рок да ни го доставите Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д потпишан на 8.03.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“, гласи барањето на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Димитар Ковачевски.
„Доколку овој Договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог Ви доставуваме и наши безбедносни сертификати кои според член 37 од Законот за класифицирани информации ни овозможуваат пристап до владини документи „државна тајна“, се наведува во барањето потпишано од група пратеници.
Барањето, како што потенцираат, го засноваат на член 68 од Уставот (Собранието врши контрола над Владата), член 122 од Деловникот на Собранието (работните тела можат да бараат податоци и информации од органите на државната управа) и Законот за класифицирани информации кој е заснован на принципот „потребно е да се знае“.
Според пратеникот Бране Петрушевски нема логика пратениците да учествуваат на дебати за повеќето предложени законски измени кои наменски се по скратена процедура заради овој договор, а истиот да не може да биде разгледан од пратениците.
Ковачевски додаде дека вчера Владата го овластила ЈПДП да го достави договорот до Јавното обвинителство и денес тој треба да биде разгледан од судските органи.
Од ССМ потсетија дека заедно со Синдикатот за градежништво – СГИП, лани започнаа иницијатива за одредбата за работно време од 60 часа неделно за изградбата на Коридорот 8, која одредба како неуставна и незаконита беше укината од страна на Уставниот суд, затоа е крајно некоректно таа да се изигрува, со уредување на ваква одредба во Законот за работните односи.
Инаку, Јавното претпријатие за државни патишта веќе го објави огласот за вработување работници кои ќе работат на изградбата на четирите автопати.
Огласот е отворен до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, до завршување на проектот. Работното време е 40 часа неделно. Најплатена позиција на огласот е помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер. За оваа позиција е предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно дневно работно време во прва смена.
Во гостување во Студио 10 на ТВ24, професорот Самоил Малчевски меѓу другото рече дека една сериозна држава треба да ги прави работите во интерес на граѓаните, а не во интерес на некои приватни компании.