Зошто СДСМ се предомисли и не го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да се изгласа една изборна единица?

Итегрално соопштение од Единствена Македонија:

Јавноста вчера слушна за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да се стави на дневен ред измената на Изборниот законик со што ќе се промени изборниот модел во една изборна единица. Но, изненадува сега молкот од страна на СДСМ иако години наназад постојано повторуваат дека моделот со една изборна единица е нивна програмска определба.

СДСМ им должи одговор на македонските бирачи зошто сега се предомислуваат и не прифаќат изборен модел со една изборна единица кога заедно со ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за изгласување на измените на Изборниот законик.

Дотолку повеќе, речиси во цела Европа сосе државите во балканскиот регион гледаме избори со изборен модел со една изборна единица.

Доколку СДСМ и реално е за остварување на својата програмска определба за една изборна единица, ги повикуваме веднаш да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ставање на измените на Изборниот законик на дневен ред на Собранието и изгласување на промена на изборниот модел во една изборна единица.

                                                                                                                                      Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија