Зошто Шекеринска и Заев кријат дека со Борисов заедно биле на американскиот носач на авиони?!

Бугарскиот и македонскиот премиер, придружувани од нивните министри за одбрана, направија обиколка на американскиот носач на авион „Хари С. Труман“, но ниту Зоран Заев, ниту министерката за одбрана Радмила Шекеренска за тоа не ја информираа јавноста во земјата.

Бугарските медиуми биле информирани за оваа заедничка посета од владиното соопштение од 9-ти декември, при што се цитира изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека „националната безбедност и одбрана на Бугарија е гаранритран само во колективната одбрана на НАТО“, пренесува порталот на англиски јазик The Sofia Globe.

Наведувајќи неколку изјави на Борисов искажани во текот на посетата на носачот на авиони на воената морнарица на САД, изданието наведува и дека Борисов и неговата делегација биле придружувани од македонска делегација и претставниците на американските амбасади во Скопје и во Софија.

Се наведува притоа дека во македонската делегација биле премиерот Зоран Заев, собранискиот спикер Талат Џафери, и министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, како и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-полковникот Васко Ѓурчиновски.

Високите делегации од двете земји на носачот на авиони кој го носи името на 33-от американски претседател, се сретнале со адмиралот Џемјс Гордон, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командат на здружената команда на сојузничките силио во Неапол.

Министерката Шекеринска објави во средата на социјалните мрежи дека со Заев и Џафери биле на носачот на авиони, и оти во таа чест наводно било истакнато македонското знаме со што следеа исправки дека станува збор за симболот на американската сојузна држава Аризона.

Меѓутоа, многу поинтересно е зошто ниеден член од македонската делегација не објави дека на носачот „Хари Труман“ биле во придружба на бугарскатат делегаци. Можеби затоа, што уште вечерта Бугарската академија на науките (БАН) го објави својот ригиден став дека македонскиот јазик претставува „бугарски дијалект“. Можеби и зашто Заев лично од Борисов бил информиран каков став ќе заземат научните кругови во Софија, очигледно следејќи го курсот на тамошниот државен врв кој во октомври директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

Веројатно Заев и Шекеринска сакаат да ги избегнат отворените прашања од јавноста, до каде ќе оди нивната попустливост во преговорите за Договорот со добрососедство со Бугарија, имајќи го предвид секое отстуство на „црвените линии“ во однос на Договорот од Преспа и претходно на ткн Тиранска платформа.