Зошто Заев молчи на предлогот да нема амнестија за политичарите

Од што се плаши премиерот Зоран Заев и зошто сѐ уште не дава одговор на јавно поставените предлози како што се оние да нема место во политиката за лица кои биле амнестирани и таа да не ваќи за политичари, како и да се испитува потеклот на имото на функционерите, прашува во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Опозицискиот челник во понеделникот на прес-конференција го повика премиерот Зоран Заев да се направат законски рамки со кои на аболираните личности би им било забрането да се занимаваат со политика, оценувањејќи дека иницијативата што ја поведе неговата СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување за кој седмицава треба да расправа Уставниот суд и амнестијата е измислена од актуелната владејачка гарнитура.

Додека Власта се обидува да ја локализира одговорноста само на двајца, тројца обвинети за Рекет, иако сите показатели говорат дека инспираторот седи нечепнат на Илинденска, додека бројчаникот во аферата Кеш вртоглаво расте, исто како криминалот во државава, и во исчекување на некој нов “успешно спречен хибриден напад” кон Владата (што ќе се забележи во некој нов пранк), Заев е добро да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите:

1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;

2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;

3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавна функција;

4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика;

И дали ова се причините за молк:

1. Затоа што Заев веќе еднаш беше амнестиран за случајот Глобал во 2008та година;

2. Затоа што Заев готви терен за некоја идна амнестија поради очигледни сомневања за прекршени закони;

3. Затоа што се нема правно покритие за вртоглаво зголемениот имот, и раст на бизнис империјата;

4. И затоа што Заев знае дека ќе загуби на изборите и нема да ја формира новата влада, а сламката за спас му е пратеничкиот имунитет;

Јавноста очекува одговори.