Зошто да се гласа – endgame

Тeхнологијата во суштина може да ја зголеми вашата приватност. Прашањето е – зошто вашите приватни податоци кои ги ставате онлајн и зошто вашите приватни работи кои си ги складирате на вашите лични апарати, се разликуваат од деталите на вашите приватни работи запишани во вашиот личен дневник? Мислам дека ако кажете – мене не ми е грижа за приватноста бидеејќи немам што да кријам, не се разликува кога би рекле – не ми е грижа за слободата на говорот бидеејќи немам што да кажам. Тоа се длабоки анти – социјални принципи бидеејќи тие права не се индивидуални – тие се колективни. Ако вие не ги вреднувате денес, тие сепак имаат огромна вредност врз поголемиот дел од популацијата и може да влијае на севкупниот живот во иднината. И ако вие не се заложите за тоа, денес, тогаш кој? – Едвард Сноуден

Настрана сите пермутации кои се везат од разни кругови деновиве од ликови кои искрено се надеваат дека ќе успеат во бојкотот, малку ми е наивна или премногу злобна целата работа. Јас паранојата си ја фрлив низ прозор, а амбициите ги посадив у лета со патлиџани и китка ми вене за сите калкулации, но сите мои деланија се подолга низа водени од моите базични принципи кои морам, сакам и мислам дека треба да им ги пренесма на моите најблиски. Беља е што како јавна личност многумина ќе расрдам. Зошто тогаш пишувам? Себе за сведоштво за да си имам личен свој доказ кога паметот ќе почне да бледее дека принципите за кои сум се залагал биле општи, емпатиски, суштински и значајни, не некоја молја лична или партиска агенда.

Во претходната колумна и тоа како објаснив каков е мојот став за гласањето како придобивка и зошто ќе гласам и го спомнав Сноуден. Па еве го, на почетокот на текстов оваа негова значајна изјава е овековечена во една музичка тема од двојниот албум на Ж. М. Жар – Електроника, кој за потребите на концептот Французинот замина во Москва да земе изјава од Сноуден, покрај личната желба да го запознае, и неговава клучна изјава се овековечи за век и веков во рамките на една песна. (стварно сакате да знаете? Ај за атер на оние 5.000 со кои делевме спонатност на неговиот концерт во Скопје еден од најубавите евер – EXIT

Сега таа негова изјава ја транскрибирам врз мојава/нашава ситуација, колку мене ми е значајно во моето битисување правото на глас? Секако дека имам право да го отфрлам и тоа имам цел шлепер оправдувања за тоа, суштински оние кои и тоа како ги смеатате за противници – сметаат токму на таква ваша реакција. Не-делувањето секогаш е во корист на противникот. Ако не се спротиставиш при чин на насилство – макар со збор кажеш не, може да биде сватено како одобрување, прашајте жени што биле силувани оти не спискале на време, гласно НЕ! Бидејќи резултатите од бојкотот на референдумот баш така ги употребија. Каде и како како основ на доказ, флагрантен необорив, де јуре, доказ утре некој ќе се повика каква била вољата на оние кои не гласале? За 10 години ќе испоцркаме пола, другите со амнезија и никогаш нема да можат да се подобрат сосотојбите. Секако, ова е слатко лажиче на шеќерлама за дијабетичари, слатко додека трае, а после трчи по инсулин.

Гласањето е една од најголемите цивилизациски придобивки, суштинска алатка за обликување на иднината, колку и да е контролирана и манипулирана. Зарем мислите дека овие кои се залагаат за отфрлање на тоа ваше право се искрени херои и борци за слобода и искрени патриоти загрижени за својата земја? Не викам дека ги нема, кажав и прошлиот пат, луѓето со право се гневни и се чувствуваат беспомошни, но вашето незадоволство ќе биде канализирано само во корист на вашиот непријател. Не мора да се сложите, но ова се мои, лични ставови и немам страв да ги кажам јавно. Иако не сум аналитичар, ниту имам интелектуална и образовна поткрепа за такво нешто, интуицијата моја мене лично ми дава за право. Работи за кои сум се изразил и искажал уште пред децении сум испднал дека сум во право. Во замаецот на соптвената наивност престанав да си го слушам личниот глас на инспирацијата. Лично, ретко кој аналитичар го слушам, а сакам да слушам, ама авторитетите им се стопија поради нивните психопатско – лукративни побуди, сепак на крај останува дека оние најизвикани кои ги селдите по медиуми на интернет или тв се хранети и манипулирани од ист џандарски доушници кои ги снабдуваат матерјал, а самите се заколнати непријатели. Да, ве уверувам, спомнете двајца било кои идиоти кои едните се патриоти небањати а другите предвници напупени – ви гарантирам дека едни те исти луѓе им се основата за нивната самобендисана моќ да повикуаав не едно или друго, да постапите вака или онака.

Иако тезите кои сега ви ги изнесуваат будат во вас страв и параноја и во нив наоѓате потполна логичност и со тоа правец на вашето делување, јас ви викам, сте се зезнале, и времето ќе го покаже тоа,  акко што и досега го покажа. Ако беа тие навистина сериозни во отпорот и веруваа во драмата на она што го овореа досега ќе имаве Црн Септември, Баден Баден или Бригаде Росо, ко што гледам гзот им стана ко рамна земја од седење по кафани и дебатирање по медиуми. Повика некој на вистински бојкот кој може навистина да вроди со плод – парализирање на држвата, неплаќање сметки, даноци, партализирање на државата и анархија? Не! Секако, тие кои ги хранат, финансираат и снабдуваат со дата току од најопасниот бојкот ги тргаат.

Дечки, не, гласањето е мое право, а ваше право и дали ќе го отфрлите она за што генерации се бореле и гинеле, не само локално, туку пан-галактички.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес