На многу жени им се случува да западнат во период на сексуален пост кој често знае да биде неподнослив. Сексот е нормална потреба и штом ќе се почувствува некаков проблем, променете го своето однесување. Доколку се фатите како се однесувате невообичаено и имате чудни реакции, голема е веројатноста дека сте западнале во длабока сексуална криза. Сепак, не треба да очајувате, само треба да бидете свесни за работите кои таа состојба ја предизвикале, за да се вратите во номален колосек. Има неколку причини поради кои така се однесувате:
Моментно сте фокусирани на кариерата
Звучи како клише изјава, но е сосема исправна. Сексот не ви паѓа на памет, бидејќи размислувате за покачување и напредок.
Не сакате забава за една ноќ
Не сакате момче, пријатели со привилегии не ве интересираат, што значи ви останува секс за една ноќ. Ако тоа не ве интересира, не е ни чудно што имате лош сексуален живот.
Сакате секс од љубов
Лесно е да се пронајде некој за секс, но можеби и овојпат сте одлучиле дека е време да се заљубите пред да се впуштите во секс со некој. Ако не сте заљубени, тоа е сосема добро оправдување за фактот дека некое време не сте спиеле со никој.
Не сакате нови компликации
Да бидеме реални, сексот освен добри, носи и некои лоши работи. Запознавање на нов партнер, прилагодување еден кон друг, паничење кога менструацијата ви доцни неколку дена. Понекогаш ви е поедноставно, да бидете опуштени. Енергијата која ја емитувате е виновна за вашата сосотојба.
Чекате некој да ве освои
Некои жени спијат со тип штом им подари малку внимание, но не и вие. Вие го чекате вистинскиот маж кој треба да се потруди пред воопшто да размислувате за сексот со него.